Актуелности

Промоција на две книги поезија од митрополит Методиј Златанов 15.12.14

Во сабота (13.12.), во Галерија МКЦ, од 19 часот, беа промовирани две нови книги на митрополит Методиј Златанов – збирката визуелна поезија „Подземна калиграфија“ и поетската збирка „Двојниците на Исак Добриот“.

»
Белешките на Лајла Грејс добива свое продолжение – Карма! 11.12.14

Младата македонска авторка Марија Јаневска, чијашто прва книга се продаде во над 5.000 примероци, во петок, 12.12., ќе ја промовира својата втора книга Белешките на Лајла Грејс: Карма. Станувајќи инстант бестселер, Белешките на Лајла Грејс е книга која се чита, препрочитува, раскажува и споделува. 

»
Промоција на „Облечен човек“ – новата книга на Игор Џамбазов 11.12.14

На 15 декември ќе се случи уште еден долгоочекуван настан – излегувањето од печат на новата книга на Игор Џамбазов. Омилениот шоумен кој ја освои публиката со своите претходни романи (Гол човек, Упатство за анти антиалкохоличари, Приказни од Мјаукедонија) и овој пат ветува одличен материјал за читање.

»
Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак низ очите на тројца наши читатели 10.12.14

Едно студентско лето четворица најверни другари на Цукуру од родната Нагоја без никакво појаснување му го завртуваат грбот и одбиваат понатамошна комуникација со него....

»
Харуки Мураками – „ Јас сум отпадник од јапонскиот книжевен свет“ 03.12.14

Чудни нешта се случуваат во светот, вели Харуки Мураками. „Не знаеш зошто, ама сепак се случуваат“. Ова би можело да биде водечко мото за сите негови дела, но овде алудира конкретно на еден од споредните ликови во својот нов роман Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак. Ликот на кој алудира е џез-пијанист кој како да има склучено пакт со смртта и може да ги види аурите на луѓето. 

»