Актуелности

Кога обичните девојки се суперхерои 18.2.15

Лина Данам повеќето од вас ја препознаваат од хит-серијата Девојки (Girls) на ХБО. Ја знаат како ексцентричната, по малку откачена девојка која секојдневно се бори со животот, чудните врски, потрагата по љубов, потрагата по свое место во големиот свет.

»
Јубилејно, десетто издание на „Последниот чај“ од Винка Саздова 16.2.15

Во Македонија е вистинска реткост една книга да биде прифатена уште од првиот ден на нејзиното објавување, и повеќе од тоа – да се претвори во вистински книжевен феномен кој ќе ја разбранува културната јавност. Последниот чај, првиот роман на една од најчитаните македонски авторки – Винка Саздова, деновиве го доживеа своето јубилејно десетто издание. 

»
Двајца добитници на Наградата за литература на ЕУ наскоро во ТРИ 12.2.15
Престижната Награда за литература што ја доделува Европската Унија има за цел да ги истакне кретивноста и разноликоста на модерната литература во Европа, да ја промовира размената на книжевни дела во границите на Европа и да го поттикне интересот за ненационални книжевни дела.
»
Го бараме најчитачот на ТРИ! 26.1.15

Постирај фотографии од твоите книги од ТРИ и добиј ваучер во вредност од 10.000 денари.

»
Ви го претставуваме ТАШЕН 18.12.14

Приказната за TASCHEN е приказна за Бенедикт Ташен, 49-годишен сопственик на оваа издавачка куќа. Во дванаесеттата година ја започнал својата прва работа – продажба на употребени стрипови по пат на оглас; во петнаесетта година веќе бил финансиски независен; во осумнаесеттата го отворил првиот comic shop во Келн, а наскоро започнал да издава и стрипови.

»