Актуелности

НОВА ЕДИЦИЈА НА МОДЕРНА ЕВРОПСКА ЛИТЕРАТУРА 04.6.15

Издавачкиот центар ТРИ деновиве ја промовираше својата нова едиција на книги поддржана од  програмата Креативна Европа на Европската унија. Оваа уникатна едиција се состои од седум висококвалитетни книжевни дела од автори како Роберто Болањо, Мишел Фабер, Ласло Краснахоркаи, Норман Манеа, кои за првпат добиваат свои изданија на македонски јазик. 

»
Почнува уште еден Карван на книгата на ТРИ 28.5.15

Од 1 јуни сè до 11 јули, Карванот на книгата на ТРИ повторно доаѓа блиску до вас, драги читатели! Најголемите и најактуелните книжевни хитови на Уелбек, Бегбеде, Коелјо, Спаркс, Миралјес, Мураками, Памук... се само некои од бестселерите кои ќе можете да ги купите со неверојатен попуст. Во 6 градови, повеќе од 100 наслови, попуст до 70%!

»
Кусо интервју со Франсеск Миралјес, специјално за читателите на ТРИ 04.5.15

Љубовта е сè што навистина имаме. Нештата се кршливи, вклучително и нашите тела, парите се трошат... но никогаш нема да ја изгубиме сета Љубов што сме ја примиле... Битлси тоа го испеаја точно: сè што ни треба е Љубов.

»
Овој Саем, најдоброто книжевно друштво е на штандот на ТРИ 30.4.15

Саемот на книгата е традиционално најголемиот книжевен настан кај нас. Токму затоа, Издавачки центар ТРИ, како и секоја година, под мотото „Најдоброто книжевно друштво“ ќе им понуди на читателите најдобар избор на автори, книги и настани, по саемски цени со попуст до 70%. 

»
Месец на TASCHEN, месец на попуст до 70%! 04.3.15

Oд 03.03. до 04.04., на едно место, најдобрите изданија од областа на уметноста, архитектурта, графичкиот и веб дизајн, модата, филмот и life style-от се со попуст од 30%, 50% и 70%

»