Актуелности

Зошто читањето е добро за вас 13.8.15

Знаеме дека не ви се потребни никакви истражувања за да продолжите да го правите она во што најмногу уживате – читањето книги. Но за секој случај, доколку некој ви пререче дека премногу време поминувате задлабочени помеѓу страниците на „сите тие купишта книги“, покажете му ја оваа статија.  Наша препорака – чувајте ја во букмаркс!

»
Го бараме идниот најдобар книжар во Македонија! 05.8.15

Издавачкиот центар ТРИ има потреба од продавач во Книжарница...

»
НАЈПОЗНАТИОТ АВТОР НА ТРИЛЕРИ ОТСЕГА ВО ТРИ 07.7.15

Според Гинисовата книга на рекорди, Џејмс Патерсон (1947) е американски писател на трилери и детективски романи, со најмногу бестселери на листата на Њујорк тајмс. Откако за својот прв роман ја доби наградата Едгар Алан По во 1977 година, Џејмс Патерсон има продадено над 240 милиони примероци од своите книги.

»
ЛЕТЕН ФЕСТИВАЛ НА КНИГАТА 19.6.15

Времето поминато со книга е време на бескрајно уживање, патување низ нови непознати светови и истражување на возбудливи места и приказни. Исто онака како што летото е време на авантури, патувања, нови дестинации и ликови. Затоа книгата и летото се совршен пар за незаборавна летна приказна. А ние ќе го направиме ова лето неповторливо со  Летниот фестивал на книгата. Од 20 јуни до 31 август, ТРИ е вашата дестинација од каде што започнува секоја летна авантура!

»
ДОБИТНИКОТ НА БУКЕР ЛАСЛО КРАСНАХОРКАИ ОБЈАВЕН НА МАКЕДОНСКИ 12.6.15

Издавачкиот центар ТРИ излезе од печат романот Меланхолија на отпорот од годинешниот добитник на Букеровата награда за книжевност, славниот унгарски писател Ласло Краснахоркаи. Ова е прв превод на македонски јазик на Краснахоркаи, чии дела со години уживаат голема популарност на сите континенти. 

»