Актуелности
Само неколку јога пози рано наутро може да бидат природен стимуланс за да ве енергетизираат и подготват за продуктивен ден. Во продолжение, 5 пози кои ќе ви одземат само неколку минути од утрото, а ќе ви овозможат 24-часовен ден исполнет со енергија.
»Книгата на Франкл е животна мудрост „сумирана помеѓу две корици“. Мудрост на некој кој го поминал пеколот, успеал да се врати оттаму и да ја пронајде смислата на живеењето и сила да продолжи понатаму.
Прогласена за една од 10-те највлијателни книги во светот, „Човековата потрага по смисла“ е мало потсетување како да му пристапиме на животот и на она што секојдневно ни го носи.
»„Океан на крајот од патот“ воопшто немаше ни да постои, ниту пак да биде роман! Еве ја интересната приказна за неговото настанување.
»Харуки Мураками е еден од најчитаните и најпопуларните писатели во светот. Веројатноста да сретнете некој кој ја нема прочитано Норвешка шума, или 1Q84, Кафка на брегот или Спутник љубов е еднаква скоро на нула. Многумина мислат дека пишувањето е лесна работа. Но за Мураками тоа е навистина тешка задача. Бара многу пожртвуваност и истрајност. Истите принципи што ги применува во пишувањето, ги применува и во трчањето, во бизнисот и во животот. Од нив може да извлечеме неколку корисни лекции за успехот.
»Вие сте страстен читач и сакате да му ја пренесете таа своја љубов на вашето дете уште од најмали нозе. Но, да им го задржиме вниманието на најмалечките е секогаш тешко. Затоа ви пренесуваме неколку совети како до забавно, безгрижно и игриво читање со вашето најмало.
»