Актуелности

Моќта на потсвеста – преглед на најзначајните ставови 27.10.15

Ако научите како да ја препознаете и да ја ослободите скриената моќ на сопствената потсвест, во својот живот ќе внесете сила, богатство, здравје, среќа и задоволство. Нема потреба моќта да ја стекнувате, неа веќе ја поседувате. Корисно е само да завладеете со начинот на нејзината употреба, да ја сфатите и правилно да ја употребувате во сите оддели на животот.

»
И ова ќе помине – заводлив, интензивен и силен роман 12.10.15

Постојат книги со кои се сретнувате за првпат и кои ги отворате со недоверба. Некако не сте сигурни кога ќе ги земете в раце, се мислите дали оваа книга е вредна за потрошеното време. По неколку моменти двоумење, сепак ја отворате, затоа што како вистински вљубеник во книгата, вие не судите предвреме... Ова е една од оние книги за кои апсолутно не треба да се двоумите! Самиот факт што за толку кусо време е преведена на 33 јазици, говори многу за нејзината заводливост.

»
Книжевни разговори со Винка Саздова 07.10.15

Во четврток (08.10.), со почеток од 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржат книжевни разговори со Винка Саздова, авторка на романите Последниот чајПолиња со диви нарциси и Понекогаш доаѓа среќа.

»
10 ГОДИНИ ШИРИМЕ ДОБРА МИСЛА – КНИЖАРНИЦА ТРИ СЛАВИ РОДЕНДЕН! 05.10.15

Овој јубилеј е заеднички, наш и твој! Кога пред десет години ја започнавме нашата приказна, имавме цел да создадеме место на кое секој вљубеник во книгата ќе може да ја доживее магијата и моќта на книгите и да се почувствува добредојдено, топло, опуштено. Во кое убавата книга ќе биде на прво место, и секој што ќе го посети ќе го пронајде она што му треба, истовремено нурнувајќи во нови светови. Простор во кој ќе се враќате одново и одново.

»
„Моите приниципи“ - Пауло Коелјо 25.9.15

Принципите според кои се води Коелјо низ животот – корисно и инспиративно четиво! Прочитајте што е она што бестселер авторот го препорачува како животна филозофија.

»