Актуелности
Мишел Уелбек со право се смета за еден од најинтересните писатели на денешницата. „Серотонин“, неговиот седми роман, беше објавен во Франција минатиот петок со почетен тираж од 320.000 примероци, а оваа недела беше објавен и на германски, италијански и шпански.
»ПланУМ е креативен интерактивен планер за унапредување на личните потенцијали. Низ уникатен и структуиран процес кој користи техники и вежби од коучинг-методологијата со фокус на решенија, ви помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на детална мапа за нивна реализација.
»„Добре дојде, мило“ е вредна книга што ќе им овозможи на родителите да ги забележат на едно место сите незаборавни моменти и искуства од првата година од животот со своето најмило и да поседуваат неповторлива ризница од спомени на која секогаш со задоволство ќе се навраќаат.
»Според истражувањата, децата треба да читаат четири или повеќе книги во текот на летото за да ги зачуваат и развијат јазичните вештини. Според истите истражувања, најдобар начин за да се исполни тоа е да се читаат серијали. Истото се однесува и за возрасните. Читањето серијали ни овозможува еден скалест пристап што ни помага да се чувствуваме сигурно и успешно.
»Планирањето и организирањето се едни од најважните когнитивни функции што се развиваат кај детето. Способноста за управување со времето е тесно поврзана со одговорноста и исполнителноста ‒ завршувањето на обврските и на домашните задачи, следењето на правилата, грижата за сопствените работи или, накратко, за успешно остварување на целите...
»