Златното руно на текстот

Златното руно на текстот

  • Автор: Ефтим Клетников
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-522-6
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 183
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 200,00ден
200,00ден

Златното руно на текстот e драгоцена книга која содржи критички есеи (или: есеистички критики) на новите дела во нашата книжевна јавност, напишани од нашиот поет, прозаист, преведувач, препејувач, ликовен проследувач, но пред сè и над сè – критичар по вокација Ефтим Клетников.

Оваа книга содржи непроценливи видувања и размисли за делата на дваесетина наши современи автори, почнувајќи од претставници на најстарата генерација наши живи писатели, а завршувајќи со критика за делото на неколкумина од помладите, кои храбро го освојуваат својот книжевен простор во последните години. Книгата ни нуди на показ префинета литерарно-филозофска анализа на објавените дела и психолошка анализа на ликовите во нив на повеќе автори: Благој Самоников, Винка Саздова, Божин Павловски, Кире Неделковски, Кристина Николовска, Стефан Влахов Мицов, Стефан Марковски, Мирјана Тренчева... Приоѓајќи му на секој автор и на секое дело достојно и со пиетет и разгледувајќи го и откривајќи ни го како посебен микрокосмос, оваа книга со право го носи својот наслов – Златното руно на текстот. 

 

Напишете ваш коментар