Живот за живот

Живот за живот

  • Автор: Сара Зар
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН:  978-608-46721-9-7
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 290
  • Димензии: 210/130
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 380,00ден

380,00ден

Џил МекСвини посакува само сѐ да може да се врати во нормална состојба.

Но по смртта на татко ѝ, нејзиното огледало, човекот кој цел живот ја учел како да биде подобра личност, таа повеќе нема желба за ништо и едноставно се оддалечува од сите кои сакаат да ѝ помогнат: нејзиното момче, нејзините пријатели, нејзината мајка... И сега, кога мајка ѝ одлучува да посвои бебе, таа се чувствува гневно поради обидот еден живот да се замени со друг, бидејќи, се разбира, никој и ништо не би можел да го замени татко ѝ - сонцето на нејзиниот живот.

Гневна на животот, намуртена, заворена и цинична, иако сите овие звучат како негативни карактеристики, Џил е лик кој ќе ви прирасне за срце и чија болка ќе ја разберете и почувствувате.

Менди Калиновски знае како е да пораснеш без никој да те сака, со мајка која никогаш не сакала да има дете. Па кога останува трудна, таа е сигурна во една работа, дека сака подобар живот за своето дете. Но дали постои некаква шанса таа некогаш да најде подобар живот за себе, бидејќи, ако сме реални, таа и самата сѐ уште е дете? Ќе најде ли некогаш некој кој ќе се грижи за неа?

Напишете ваш коментар