Збогум најмила

Збогум најмила

  • Автор: Кристин Хана
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-59-3
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 410
  • Димензии: 130/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 420,00ден
420,00ден

Што е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?

Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.

Џуд живее за своите деца - близнаците Миа и Зак - и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи. Дур да трепнеш со око, семејството Фарадеј се распарчува, а Лекси губи сe. Во годините што следуваат, секој од нив мора да се соочи со последиците од таа една ноќ и да најде начин да заборави... или барем храброст да прости.

Хана напишала страшно емотивна книга што ги освои срцата на милиони читатели низ светот. Ова не смее да се пропушти!

Напишете ваш коментар