Захир

Захир

  • Автор: Пауло Коелјо
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9989153493
  • Година на издавање: 2005
  • Број на страни: 348
  • Димензии: 112X180
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 430,00ден
430,00ден
Еден ден познатиот писател дознава дека неговата сопруга, воен известувач, исчезнала без трага. Иако времето му донесува нови успеси и нови љубови, нејзиното исчезнување се повеќе го збунува - и се повеќе го опседнува. Дали е киднапирана, или станала жртва на уцена или едноставно здодеал нивниот брак? Немирот што го предизвикува таа е силен исто колку и привлечноста што ја зрачи. Потрагата по неа - и по вистината за неговиот сопствен живот - го води од Франција во Шпанија, во Хрватска и во прекрасните и пусти пејзажи на централна Азија. И повеќе од тоа - го одведува од сигурноста на неговиот свет на сосем неизвесен пат, на кој ќе побара нова смисла на природата на љубовта и на силата на судбината. Со својот нов роман Пауло Коелјо не само што покажува колку силна и маѓесна е неговата раскажувачка вештина туку и ни разоткрива чудесен увид во она што значи да бидеш човечко суштество во светот преполн со можности. Пресоздавајќи го стариот мотив од исламската традиција, мотивот захир, односно оној што е видлив, присутен и што не е можно човек да го превиди - а на кој Борхес своевремено му даде статус на книжевна јавност - Коелјо го пишува својот Захир: опсесијата со љубовта која ту му изгледа света ту луда.

Напишете ваш коментар