Задолжителна среќа

Задолжителна среќа

  • Автор: Норман Манеа
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-298-0
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 220
  • Димензии: 120/200
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 280,00ден
280,00ден

Манеа е мајстор на атмосферата. Неговите раскази потсетуваат на традицијата на Кафка и Гогољ според употребата на гротескното и фантастичното и нивното суптилно мешање со реалноста. Политичкото, реалното и трагичното се испреплетуваат со апсурдното и бизарното. Во мачната атмосфера на животот под Чаушеску, Задолжителна среќа, преку контрасти и необични детали, создава слика за животот во една гротескна полициска држава, за политичките и личните драми, изразувајќи ги и теророт и надежта истовремено, и стравот и солидарноста, и хумористичната тривијалност на секојдевното и болната потрага по идеал.

 Сатирата, тоа моќно субверзивно оружје на отпорот, која избива низ кафкијанските разговори и коментари,  ја затвора оваа збирка со некој вид парафраза на Алфред Жари, дека хуморот и сатирата се најдобрата одбрана пред сериозните и загрозувачки нешта.  

Напишете ваш коментар