Враќањето на козите

Враќањето на козите

  • Автор: Луан Старова
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-422-9
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 200
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 250,00ден
250,00ден

– Вие Балканците никогаш нема вистински да ја разберете нашата благородна и хумана мисија со подарените сто европски кози!
– Ниту вие нашите балкански кози и прчови! Не заборавајте дека љубовта на вашите европски кози и на нашите расни прчови ќе донесе на свет вистински европско-балкански козичиња. Во тоа јас го гледам успехот на вашата европска мисија во Македонија – Враќање на козите.

Откако ја обиколија речиси цела книжевна Европа и Америка (преведени на дваесет јазици и објавени во триесет земји), овенчани со многу признанија, со најновиот роман Враќањето на козите, козите на Луан Старова стигнуваат во новата независна Република Македонија. Некогаш, во времето на тоталитаризмот, жртви на невиден „козоцид“, козите се враќаат преку европските патишта на солидарноста во новото време на транзицијата во новиот капиталистички систем. Но тука, и покрај слободата, стануваат жртви на мафијашки спреги и локални босови. Авторот и во оваа филозофска бајка продолжува автентично и книжевно суверено да го раскажува Балканот...

Враќањето на козите од авторот на „Балканската сага“ од досега објавените книги Времето на козите, Татковите книги, Атеистички музеј, Балкански клуч, Ервехе, Тврдина од пепел, Патот на јагулите, Потрага по Елен Лејбовиц, Љубовта на генералот, Амбасади, Балканвавилонци, Полифонисти...

Напишете ваш коментар