Во шумата

Во шумата

  • Автор: Тана Френч
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4569-45-9
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 554
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 450,00ден
Цена со попуст: 360,00ден
Заштедувате: 90,00ден

Редовна цена: 450,00ден

Цена со попуст: 360,00ден

Во една летна вечер во 1984 година, во мало предградие на Даблин се случува ужасна трагедија. Три деца одат да си играат во блиската шума, а две од нив ќе исчезнат и никогаш нема да бидат пронајдени. Полицијата наоѓа само едно од децата, повредено и преплашено, кое не може да се сети што се случило...

По дваесет години, во истата шума се случува ново злосторство. Роб Рајан, преживеаното момче од првата трагедија, сега има нов идентитет и работи како детектив во даблинската полиција. Тој и неговата партнерка почнуваат да го истражуваат новиот случај, поврзан со свирепо убиство на една тинејџерка. Навлегувајќи во тајните на жртвата и на нејзиното чудно семејство, тие откриваат детали и за стариот случај. Со секоја нова трага, сеќавањата на Роб полека излегуваат на површина и неизбежно го водат назад во шумата...

Исклучителен психолошки трилер кој храбро навлегува во темнината што се крие зад животот на обичните луѓе. Напнатата атмосфера и комплексноста на ликовите ќе го одведат читателот на едно сурово патување низ сложената мрежа на злото, но и многу подалеку – до она што не може да се објасни.

Напишете ваш коментар