Во одбрана на Џејкоб

Во одбрана на Џејкоб

  • Автор: Вилијам Лендеј
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 78-608-4741-02-2
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 552
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 420,00ден

420,00ден

Енди Барбер работи како јавен обвинител подолго од дваесет години. Тој е страшно почитуван во нивниот мал град, непобедлив во судницата и среќен во својот дом со својата сакана сопруга и нивниот син, Џејкоб. Но кога грозоморно злосторство го потресува нивниот град, Енди е затечен неподготвен од она што се случува следно: неговиот четиринаесетгодишен син е обвинет за убиство на друго дете, соученик од неговото училиште.

Секој родителски инстинкт кој Енди го има му вели да си го заштити детето. Џејкоб ги уверува своите родители дека е невин и Енди му верува. Енди мора да му верува. Тој му е татко. Но како што на површина почнуваат да излегуваат осудувачки факти и шокантни откритија, така бракот на Енди почнува да се распаѓа, а судењето да станува сè пожестоко и Енди сфаќа колку малку знае еден татко за својот син. Наспроти онаа во судот, во Енди се води уште една битка: помеѓу лојалноста и правдата, помеѓу минатото кое се обидува да го скрие и иднината која не може да му ја обезбеди на својот син единец.

Правен трилер кој ќе ве остави без сон, ќе ве натера да седите на работ од столчето и да ги гризете ноктите. Ако не ја прочитате оваа книга, само вие губите... Господине Гришам, повлечете се.

Напишете ваш коментар