Вештицата од Портобело

Вештицата од Портобело

  • Автор: Пауло Коелјо
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9789989187124
  • Година на издавање: 2007
  • Број на страни: 320
  • Димензии: 112Х180
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 420,00ден

420,00ден
Кој еднаш се напил од изворот на Љубовта веќе не може својата жед да ја згасне на други извори. Атена е жена со природна дарба. Таа е посвоено дете на Либанка и успешен деловен човек од Бејрут. Со своето семејство се преселува во Лондон, кратко по избувнувањето на војната во нејзината земја. На факултет го запознава човекот кој ќе стане татко на нејзиното дете, но бракот бргу се растура. Доживувајќи да биде мајка, Атена не може да престане да размислува за жената што ја донела на овој свет, и за да може да сфати зошто ја напуштила, одлучува да замине на пат во Романија во потрага по нејзината биолошка мајка. Но патувањето не секогаш не носи до местото каде што сме тргнале, и тоа што Атена ќе го открие на ова патување, засекогаш ќе го измени нејзиниот живот и животот на тие околу неа. Во Вештицата од Портобело Пауло Коелјо ни нуди фасцинантна приказна, полна со интриги, преку која читателот открива една долга традиција базирана врз женската моќ и љубовта.Љубовта, едноставно, е!

Напишете ваш коментар