Верзијата на Барни

Верзијата на Барни

  • Автор: Мордекај Ришлер
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-365-9
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 481
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 500,00ден
500,00ден

Верзијата на Барни е роман напишан во вид на мемоари на главниот јунак, Барни Пановски, кој со многу хумор и човечка топлина раскажува за својот живот исполнет со интриги, чудни пријателства, предавства, луксуз и загуба. Романот го води читателот на незаборавно патување во Париз во педесеттите години на XX век, а подоцна и низ улиците на Монтреал, Њујорк и Торонто, следејќи го возбудливиот живот на Барни. Тој на својот типично шеговит начин раскажува за своето семејство, за своите три жени и трите деца, за многубројните пријатели и непријатели... Но во средината на целата приказна се наоѓа и мистеријата поврзана со убиството на неговиот најдобар пријател, за кое тој е единствениот обвинет...

Верзијата на Барни е најпознатиот бестселер на канадскиот писател Мордекај Ришлер. Според сценарио напишано од самиот автор, во 2010 година е снимен истоимен филм кој, исто како и книгата, се смета за современа класика.

Напишете ваш коментар