Урбани херои

Урбани херои

  • Автор: Драган Таневски
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-257-7
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 168
  • Димензии: 125/185
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 250,00ден
Цена со попуст: 200,00ден
Заштедувате: 50,00ден

Редовна цена: 250,00ден

Цена со попуст: 200,00ден

Книга што се чита во еден здив
Книга што ослободува
Книга што инспирира
Книга што боли

Секој може да биде херој и антихерој, но да се биде урбан херој во едно антицивилизациско време е вистинско херојство. Храброст е да се бориш со здивено перо и да го скротиш во судбински приказни, да ги кренеш ликовите од дното на пиедестал со леснотија на пердув, а да не го изгубиш оптимизмот на едно дете. Да веруваш дека суетата, гордоста и себичноста се немоќни пред нејзиното височество ЉУБОВТА.

Урбаните приказни на Драган Таневски го имаат оптимизмот на Кандид, култот кон клетите луѓе од дното на Максим Горки, сентиментот од улицата на Славко Јаневски, скопскиот сленг кој автентично го доловува микрокосмосот на урбаните херои расеани низ макрокосмосот... па повторно вратени таму каде што им е местото. Урбаните херои, без шминка и сожалување, катарзично му се поклонуваат на својот нов урбан почеток, оти „без да го допреш дното, не можеш да се кренеш нагоре“.

 

Коментари од корисниците:

Коментар од Една Марија:
Драгане, ти си врвен светски писател! до 129 страна сум, значи што и да кажам, малку е. те молам продолжи да пишуваш (Објавен на 24.9.14)

Напишете ваш коментар