Уметноста на почетокот

Уметноста на почетокот

  • Автор: Гај Кавасаки
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 9786084569107
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 236
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден
Цена со попуст: 270,00ден
Заштедувате: 130,00ден

Редовна цена: 400,00ден

Цена со попуст: 270,00ден

Што е потребно за да ги претворите идеите во акција? Кои се елементите на совршеното рекламирање? Како да извојувате победа во битката на таленти? Како да изградите бренд без пари?
Уметноста на почетокот ги нуди основните чекори за лансирање на одлични производи, услуги и компании - без оглед на тоа дали сонувате да го основате следниот Microsoft, или пак непрофитна организација што ќе го смени светот. Истовремено им покажува на менаџерите како да го ослободат својот претприемачки дух во постоечките компании, со што им помага да смогнат храброст и креативност за да го издигнат својот бизнис над останатите.
На своите читатели Кавасаки им дава трикови за нов почеток, вклучувајќи ги своите проверени тајни техники за пробивање, брендирање, разменување информации, регрутирање, рекламирање, ширење на бизнисот, и најважно од сè во оваа кревка потрошувачка клима, создавање еуфорија.
Како дел од Apple, Кавасаки помогнал во претворањето на обичните купувачи во фанатици. Како основач и извршен директор на Garage Technology Ventures, ги тестирал своите радикални идеи во реално лансирање на бизниси. А како незапирлив колумнист во Форбс, ги изострил своите погледи за Уметноста на почетокот.

„Го издигнав својот бизнис во светски познат бренд, а сепак, откако ја прочитав оваа книга, имам нескротлив порив да баталам сè и да започнам одново. Книгата на Гај ми разоткри толку многу нешта на кои не сум ни помислил и ми урна толку многу илузии, а сепак се чита како роман. Баш би сакал да им бидам банка на луѓето што ја читаат оваа книга.“ Џеј Конрад Левинсон, автор на серијалот книги Герила Маркетинг

Напишете ваш коментар