Укинат театар

Укинат театар

  • Автор: Булат Окуџава
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-473-1
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 243
  • Димензии: 135/200
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 280,00ден
280,00ден

Автобиографскиот роман Укинат театар е драматична ис­торија на татковината и на семејството на Окуџава, напишан во зрели години; една широка слика на судбината на ге­не­­рацијата понесена, а потоа уништена од револуцијата, во вре­ме кога само еден погрешно кажан или пренесен збор можел да значи ликвидација; живописна панорама на животот во Тбилиси, во Москва и на Урал, видена низ очите на дете­то Булат. Во романот се испреплетуваат наедно трагичното и смеш­ното, лирски и жестоки сцени, и сето тоа е богато обоено со самоиронијата карактеристична за Окуџава.

Апсолутниот поетски слух на Булат Окуџава го открива и го воспева зачудувачкиот свет на арбатските дворови, остану­вајќи притоа доследен на вистинските етички принципи. Интегрирајќи ги во една целина прозата и поезијата, творецот и творештвото, личноста и зборот, Укинат театар нема да ос­тави рамнодушен ниту еден читател.

Напишете ваш коментар