Убиј го зборливото куче

Убиј го зборливото куче

  • Автор: Митко Маџунков
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300139
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 254
  • Димензии: 125Х195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 300,00ден
300,00ден
НАГРАДА „ИСИДОРА СЕКУЛИЌ“Користејќи се со фолклорот и со искуствата на некои од големите руски писатели, Маџунков, со силата на својот талент даде неколку извонредни раскази, како што се, на пример: „Во автобусот“, „Неволите на Павле“, „Има ли можност да останеме живи“, „Смртта на Јонски“, „Игранка“, „Лихнидски очи“. Во целата своја збирка, а особено во овие раскази, Маџунков дава проза со автентичен творечки потег, цврсто чувствување на стварноста и иронично-гротескен однос кон човечката егзистенција и судбина.Од соопштението на жиритоШирејќи ја сферата на стварноста до бесконечност и истовремено ширејќи ја сферата на фантастичното до крајните граници на стварноста, Митко Маџунков создаде раскази со антологиска вредност, како „Убиј го зборливото куче“ и „Мирисот на земјата“, целиот циклус раскази за Иљо М., потоа расказите „Циркус“ и „Во автобусот“. Предраг ПротиќНа Маџунков му поаѓа од рака во неочекуваните споеви на крајно оддалечените искуства да го пресврти баналното во исклучително, познатото во ново и зачудувачко. Тој дарува впечатливост и форма на она што во човековото доживување на вредноста е најмалку видливо и најмалку подложно на обликување.Љубиша ЈеремиќКнигата „Убиј го зборливото куче“ се разликува од повеќето збирки раскази на денешните писатели по тоа што е забележливо разновидна и тематски и по наративната постапка. Митко Маџунков со оваа книга се вброи во оние писатели чиишто текстови можат да се препознаат – по особената атмосфера, по односот кон реалноста, по сопствената логика, по ритамот на раскажувањето, по јазикот.Чедомир МирковиќКнигата „Убиј го зборливото куче“ открива писател со една необична свежина, или, што е подобро кажано, творец со необично лесна рака на кој лесно му се даваат баналните содржини и сложените сфаќања на човековите копнежи. Благоје ЈастребиќВо секоја реченица на Маџунков има нешто непредвидливо, каков што е и самиот живот. Расказите „Големиот Смок“, „Смртта на Јонски“, „Крај“, „Снег“, „Галеби“, „Лихнидски очи“ и „Утро“, ни го разоткриваат спојот на реалното и нереалното како земјин крстозбор...Адам ПуслојиќСветот на прозите на Маџунков, реален и фантастичен, не е затворен во тесен регион... Проширен на селската и на градската средина подеднакво, зафатен со минатото и сегашното време, а свртен кон иднината, предаден на сонот, фантастиката, фолклорот и реалноста, тоа е свет на широки, токму невидени граници и тоа богатство е најголемата скапоценост на оваа книга. Божидар Милидраговиќ

Напишете ваш коментар