Убијци без лица

Убијци без лица

  • Автор: Хенинг Менкел
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082301150
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 260
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 480,00ден
Цена со попуст: 340,00ден
Заштедувате: 140,00ден

Редовна цена: 480,00ден

Цена со попуст: 340,00ден

Сè започнува со бесчувствително и насилно злосторство: една студена ноќ на една далечна шведска фарма, еден постар фармер е претепан до смрт, а неговата жена оставена да умре со јаже околу вратот.
Tоа создава доволно проблеми за полицискиот инспектор на Истад, Курт Валандер, уште повеќе што последниот збор на жената е странец, што на полицијата ѝ претставува единствена трага – а во поширок контекст, тоа е искрата што може да ги разгори и онака распламтените чувства на ксенофобија во Шведска.А животот на Валандер на личен план се распаѓа: неговата жена го напушта, неговата ќерка не му зборува, дури и неговиот стар татко одвај го поднесува.
Тој работи неуморно, се храни лошо и се опива до ситните часови. Но сега, кога зимата заострува а неговите активности ги надгледува една непоколеблива јавна обвинителка, Валандер мора да заборави на своите маки и да се втурне во битка со времето и со зголемената расна омраза.

Книгите на Хенинг Манкел се продадени во преку 40 милиони примероци ширум светот.

„Извонреден роман со хипнотизирачка длабочина и неизвесност.“ Лос Анџелес тајмс

„Досетлив, потресен и актуелен, ова е трилер од најдобриот вид.“ Тајмс „Досетлив, потресен и актуелен, ова е трилер од најдобриот вид.“ Тајмс (Лондон)

„Мајсторски напишан детективски роман, приказната се одвива со брзо темпо и достигнува возбудлива кулминација.“ Сент Луис пост диспеч

Коментари од корисниците:

Коментар од Никола Гелевски:
Сакаме уште изданија од хенинг менкел ве молам. Преведете ги сите изданиа за курт валандер, сакаме да ги прочитаме (Објавен на 03.3.16)

Напишете ваш коментар