Трофеј

Трофеј

  • Автор: Весна Петрушевска
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-472-4
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 147
  • Димензии: 1125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 299,00ден
299,00ден

Животот не е игра, не е театарска претстава. Нема генерална проба, нема реприза. Понекогаш знае да биде и тажен, кошмарен сон од кој тешко се будиме, не можејќи да ги препознаеме знаците за излез од лавиринтот. Но големите борци секогаш успеваат да откорнат од себе уште едно парче надеж и верба во него. Благодарение на таа верба, на љубовта и поддршката од пријателите, тие продолжуваат понатаму, храбро преземајќи ја главната ролја во својата животна приказна.

Весна на сцената ни пренела низа приказни од безброј драмски автори допирајќи го дното и досегнувајќи го возвишеното, а сега ни ја раскажува и сопствената приказна. Во неа ќе ја видиме како машкуданесто девојче, како актерка по вокација која не ги споменува наградите и никогаш нема да се пензионира, ТВ-водителка, стендап комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка... Но пред сè, како човек со големо срце. Искрено и од дното на душата, таа го распостила пред нас својот живот исткаен од спомени и надежи, солзи и радости, падови и подеми. Без разубавувања и задршки, без цензура.

Напишете ваш коментар