Категории 21 до 30 од 60 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.
  1. Разговори со себеси

    Разговори со себеси

    Андрес Неуман
    Во Разговори со себеси Андрес Нуман слика нежен и истовремено несентиментален портрет за начинот на кој функционираат љубовта и семејството. Вештината со која го прави тоа оправдано го вбројува меѓу најголемите имиња на современата литература на шпански јазик. Прочитај повеќе...
    Цена: 300,00ден
    Цена со попуст: 80,00ден
    Нарачај
  2. Господарот

    Господарот

    Колм Тојбин
    Господарот е прекрасен пример за романизирана биографија и историски роман во кој реалните ликови се преплетуваат со фикцијата. Но ова е и роман кој ни овозможува да ѕирнеме во интимниот живот на писателите и да согледаме како луѓето од својот секојдневен живот полека се трансформираат во книжевни ликови кои ќе останат засекогаш запаметени во книжевната историја Прочитај повеќе...
    Цена: 450,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  3. Пат

    Пат

    Мигел Делибес
    Пат ја раскажува последната ноќ на едно момче, Даниел Бувот, во неговото село, пред да замине во градот на школување. Буден и вознемирен, додека се превртува во постелата, тој се присетува на разни епизоди од својот живот во селото и на луѓето што живеат во него: другарите со кои споделува возбудливи доживувања, соседите што ги познава многу или малку, родителите… Прочитај повеќе...
    Цена: 200,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  4. Онлајн девојка

    Онлајн девојка

    Зои Саг
    „Сонувам за тоа сите тинејџерки потајно да се чувствуваат како мене. И можеби еден ден, кога ќе сфатиме дека сите се чувствуваме исто, ќе престанеме да се преправаме дека сме нешто што не сме. Тоа би било прекрасно. Но дотогаш јас искрено ќе зборувам за тоа на овој блог. И ќе го кријам тоа во ’стварниот живот‘.“ Прочитај повеќе...
    Цена: 420,00ден

    Распродадена

  5. Бог ми е сведок

    Бог ми е сведок

    Макис Цитас
    Бог ми е сведок е хумористичен и трогателен портрет на убавините, злата и спротивностите на современото грчко општество, виден низ очите на еден крајно несовршен а мошне симпатичен антихерој. Прочитај повеќе...
    Цена: 350,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден

    Распродадена

  6. Мостот Сан Луис Реј

    Мостот Сан Луис Реј

    Торнтон Вајлдер
    Кога во 1927 г. еден издавач прифатил да ја објави Мостот Сан Луис Реј – затоа што сметал дека толку убаво дело мора да биде отпечатено – немал големи очекувања дека ќе постигне успех кај публиката. Но читателите биле восхитени. Книгата ја добива Пулицеровата награда во 1928 година – и секоја година илјадници нови читатели воодушевено ја прифаќаа приказната на Вајлдер за петтемина што загинуваат на еден трошен мост. Прочитај повеќе...
    Цена: 200,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  7. Црвено око

    Црвено око

    Јонас Хасен Кемири
    Петнаесетгодишниот Халим, дете на марокански родители родено во Стокхолм, секојдневно води дневник кој претставува жива слика на неговата конфузија пред светот во потрага по сопственото место во него. И како да не му е доволно прекршувањето меѓу шведскиот и арапскиот менталитет, го погодуваат и пубертетски маки, проблеми во училиштето и вљубувањето Прочитај повеќе...
    Цена: 320,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  8. Сеиобо таму долу

    Сеиобо таму долу

    Ласло Краснахоркаи
    Јапонската божица Сеиобо во својата градина поседува праскино дрво кое цвета еднаш на секои три илјади години: неговите плодови даруваат бесмртност. Во Сеиобо таму долу ги сведочиме нејзините чести враќања во смртните предели, поттикнати од потрагата по барем мигновена глетка на совршенство. Прочитај повеќе...
    Цена: 450,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  9. Азилантот

    Азилантот

    Арнон Грунберг
    Кристијан Бек е преведувач на упатства за употреба од Готинген, Германија. Неговата тешко болна девојка, Птичка, изразува желба да се омажи со барател на азил од Алжир со цел му помогне да добие дозвола за престој. Прочитај повеќе...
    Цена: 400,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  10. Црна и сребрена

    Црна и сребрена

    Паоло Џордано

    Црна и сребрена е меланхолична љубовна приказна, раскажана со префинет и интимен јазик и – за првпат во творештвото на авторот – во прво лице. Џордано се сосредоточува на надворешните подробности, меѓутоа ги користи за да ги долови со нив внатрешните светови на своите ликови, нивните заемни односи или стравови.

    Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај

Категории 21 до 30 од 60 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.