Категории 11 до 20 од 60 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.
  1. Земјата што ја газиме

    Земјата што ја газиме

    Хесус Караско
    На почетокот на ХХ век Шпанија станува дел од најголемата империја во историјата на Европа. По помирувањето, воената елита избира едно мало село во Екстремадура, како благодарност за водењето на окупацијата. Ева Холман, сопругата на еден од нив, живее во идилична повлеченост до моментот кога на нејзиниот имот се појавува еден таинствен човек кој целосно ѝ го окупира животот. Прочитај повеќе...
    Цена: 350,00ден
    Цена со попуст: 250,00ден
    Нарачај
  2. Да купиме поет

    Да купиме поет

    Афонсо Круш
    Делото плени со својата едноставност, но и со остроумна иронија, реторичност, таинственост и хумористичност. Низ неа писателот пренесува универзални човечки пораки, критикувајќи го современото потрошувачко општество. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  3. КОНТУРИ

    КОНТУРИ

    Рејчел Каск
    Необичен колаж од портрети, епизоди и размисли што ги собира и раскажува една англиска писателка на своето патување во Атина, каде што оди да одржи предавање на летна школа за креативно пишување. Завиени во задушливата омарнина, на екскурзиите со брод, во училницата и во развревените градски кафулиња, ги запознаваме нејзините соговорници ‒ зборлестиот сосед од авионот, учениците од секаков профил, колегите писатели и старите пријатели. Прочитај повеќе...
    Цена: 300,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  4. Аналекти

    Аналекти

    Конфуциј
    Сè уште еднакво релевантни како што биле и пред повеќе од две илјади години, овие учења го претставуваат моралниот кодекс кој доблеста ја вреднува повеќе од сè, и ги изразуваат темелните вредности на конфуцијанската традиција. Прочитај повеќе...
    Цена: 199,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  5. Пат за рајот

    Пат за рајот

    Драги Михајловски
    Пат за рајот е необично книжевно дело составено од десет раскази и три драми. Во расказите Драги Михајловски ја продолжува својата потрага по идеалното место за живеење, по некоја своја автентична утопија. Истовремено, ја развива сопствената основна линија на сликање и портретирање на стремежот од обичните луѓе кон необичното, светото, недостижното. Прочитај повеќе...
    Цена: 280,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  6. Укинат театар

    Укинат театар

    Булат Окуџава
    Апсолутниот поетски слух на Булат Окуџава го открива и го воспева зачудувачкиот свет на арбатските дворови, остану­вајќи притоа доследен на вистинските етички принципи. Интегрирајќи ги во една целина прозата и поезијата, творецот и творештвото, личноста и зборот, Укинат театар нема да ос­тави рамнодушен ниту еден читател. Прочитај повеќе...
    Цена: 280,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  7. Војници со гумени чизми

    Војници со гумени чизми

    Ивица Челиковиќ
    Современ роман-потсетник на едно бурно време во кое заедно со големата држава се распаѓаа и многу семејства и надежи, кога се бришеа границите меѓу чувствата и разумот, меѓу реалноста и човечките сништа. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  8. Скелиг

    Скелиг

    Дејвид Алмонд
    Скелиг е една од најпопуларните книги за млади објавени во последната деценија. Замислен како модерна бајка, во неа се мешаат фантастичното и реалното, соништата и желбите, стравот и надежта – и создаваат прекрасна метафора за волшебниот свет на детството, која се чита во еден здив. Прочитај повеќе...
    Цена: 280,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај
  9. Опашки од гуштери

    Опашки од гуштери

    Хуан Марсе
    Опашки од гуштери е потресна и трогателна семејна приказна која се одвива непосредно по завршувањето на Втората светска војна и среде политичкиот хаос во Шпанија во овој период. Прочитај повеќе...
    Цена: 420,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден

    Распродадена

  10. Одење по јаже

    Одење по јаже

    Лижија Божунга
    Возбудливиот роман Одење по јаже нè води на една живописна авантура по таинствените патеки на детско-младешката мечта. Како вистинска маѓосничка, со своето волшебно перо Лижија Божунга го распостила пред нас платното на еден циркус исткаено од изненадувања, чинки и неочекувани пресврти. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Цена со попуст: 99,00ден
    Нарачај

Категории 11 до 20 од 60 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.