Оружјата на критичкиот и лекот на негувачкиот родител

Оружјата на критичкиот и лекот на негувачкиот родител

Цена: 400,00ден
400,00ден

Јазикот коски нема, но коски крши, вели народната мудрост. А сите сме почувствувале дека некогаш зборовите печат повеќе и од шлаканица. Користејќи ги како моќни алатки, но и како смртоносни оружја, негувачкиот и критичкиот родител можат да го демотивираат, па дури и трајно да го оштетат своето дете, или пак позитивно да го поттикнат неговиот развој, создавајќи на тој начин возрасен човек што ќе го има истото мислење за себе какво што имале и неговите родители. Репертоарот на погрдните (дискаунтирачки) зборови е огромен: вол, свиња, гуска, кокошка, глупак, смотан, трчи-лажи... Свесно или несвесно омаловажувајќи го, родителите засекогаш запечатуваат во детската свест одредени „сценарија“ за неговата личност и судбина. .

Оружјата на критичкиот и лекот на негувачкиот родител е предупредување за моќта на зборот и книга-апел што ни е потребна на сите, зашто секој од нас треба да ја преземе одговорноста за искажаните зборови и за нивното влијание, особено врз децата. .

Напишете ваш коментар