JavaScript seems to be disabled in your browser. You must have JavaScript enabled in your browser to utilize the functionality of this website.
Добредојдовте!
Еднаш во неколку години доаѓа нова технологија и го менува начинот на кој светот функционира. Во светот на компјутерите имаше многу такви технологии во изминатите неколку децении. Тие го сменија начинот на кој работиме, на кој играме, па дури и нашата комуникација. Следењето на таквите промени може да одзема многу време, ако не знаете каде да се обратите за помош.
Windows 8 е една од овие технологии. Тој е најновиот во долгата низа оперативни системи од Microsoft и досега е продаден во неколку милиони копии. Иако неговото јадро е чист Windows, тој има нов, модерен кориснички интерфејс и нуди нови начини за произведување и консумирање на дигиталната содржина. Windows 8 има карактеристики за беспрекорно поврзување на своите корисници со локална и онлајн содржина, со што се зголемува продуктивноста и се создава мошне пријатно искуство.
Марко Чаласан детално, јасно и читливо ги претставува сите функции на Windows 8. Tој опфаќа сè – oд интерните подесувања на корисничките сметки и на безбедноста до навигацијата низ плочките на почетниот екран. Марко е припадник на генерацијата која е родена во технолошкиот свет и тоа се гледа во неговиот стил на пишување. Неговото разбирање на технологијата е интуитивно. Токму затоа, оваа книга е единствениот прирачник што ќе ви биде потребен за да го научите целосно оперативниот систем Windows 8.
Џејмс Витекер, Мајкрософт
Мисла на денот
Топ 5
Во какви книги најмногу уживате?