Категории 1 до 10 од 13 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2

Листа Мрежа

Поставете опаѓачки редослед.
  1. Да купиме поет

    Да купиме поет

    Афонсо Круш
    Делото плени со својата едноставност, но и со остроумна иронија, реторичност, таинственост и хумористичност. Низ неа писателот пренесува универзални човечки пораки, критикувајќи го современото потрошувачко општество. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  2. Драми

    Драми

    Флоријан Зелер
    „Драми 1“ е збирка од седум познати драмски текстови на популарниот француски автор Флоријан Зелер, кој во последните години прерарсна во еден од најценетите драмски писатели во Европа. Тој за своите дела доби неколку награди „Молиер“, а весникот Тајмс го прогласи за „најинтересниот драмски писател на нашето време“. Прочитај повеќе...
    Цена: 400,00ден
    Нарачај
  3. Нема, и нека не ни има

    Нема, и нека не ни има

    Едина Сворен
    Нема, и нека не ни има ја разоткрива секојдневната драма на сложените семејни и човечки врски во кои единката треба да се снајде и да преживее. Преку личните приказни, Едина Сворен со богата палета го портретира и современото унгарско општество, носејќи го читателот на прошетка низ секојдневниот живот на Будимпешта, градот кој ги обединува приказните во книгата. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  4. Срце од мастило

    Срце од мастило

    Корнелија Функе
    Дванаесетгодишната Меги неочекувано дознава за необичната дарба на својот татко Мо – кога чита наглас, тој ги оживува ликовите од книгите. Една дамнешна вечер тој толку вдахновено ѝ читал од Срце од мастило што неколку негативци од книгата влегле во нивниот живот. А потоа Мо открива нешто уште пострашно – во мигот кога ги „исчитал“ злобниот Каприкорн и неговиот помошник, во книгата ја „вчитал“ Мегината мајка! Прочитај повеќе...
    Цена: 500,00ден
    Нарачај
  5. Скитникот и синовите

    Скитникот и синовите

    Александар Секулов
    Висок, зеленоок, со долга сребреникава коса, капетан Јосиф има среќна насмевка на човек кој знае дека Бог му дал сè што посакал: него самиот. Под надуваните едра на јахтата Барболета, со темнозелен труп и сина палуба, исправен пред заканата од пиратскиот брод, тој ја прифаќа тажната вистина дека животот ќе му помине во празнотија и осаменост. Прочитај повеќе...
    Цена: 300,00ден
    Нарачај
  6. Островот крах

    Островот крах

    Ина В'лчанова
    „Островот Крах не е мрачен роман, не дозволувајте да ве поведе насловот. Се надевам дури и дека успеав да го направам малку смешен. Во него се раскажува за желбата да го контролираш светот и за копнежот да бидеш слободен. Но и за онаа необична работа што ја нарекуваме ’судбина‘. А патот на судбината секогаш крие извесна иронија.“ Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  7. ЏОНАТАН СТРЕЈНЏ И ГОСПОДИН НОРЕЛ

    ЏОНАТАН СТРЕЈНЏ И ГОСПОДИН НОРЕЛ

    Сузан Колинс
    Годината е 1806, Англија е изнемоштена од долгата војна со Наполеон, а волшебниците со векови се избледени од сеќавањата на народот. Повеќето луѓе веруваат дека магијата е одамна изумрена во Англија и дека англиските волшебници се сведени на неефикасни теоретичари и собирачи на книги. Прочитај повеќе...
    Цена: 650,00ден
    Нарачај
  8. Слики од животот на М.

    Слики од животот на М.

    Светлана Жухова
    „Слики од животот на М.“ дава фасцинантен приказ на современиот живот во Виена и Братислава, кои во романот се претвораат во универзален симбол на современиот урбан европски живот и на предизвиците што им ги наметнуваат на младите. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  9. Снегулки

    Снегулки

    Калија Пападаки
    Дејството на романот се одвива во кризните 80-ти години, во Камден, Њу Џерси, во заедница на емигранти кои не успеале да го остварат американскиот сон. Додека адолесцентите и возрасните се справуваат со тешките животни моменти, истовремено се развиваат сеќавањата за претходната генерација Грци и други американски имигранти. Приказната ја следи тинејџерката Мини: кога исчезнува нејзиниот проблематичен брат, мајка им, по потекло од Порторико, умира од тага. Прочитај повеќе...
    Цена: 300,00ден
    Нарачај
  10. Лили, сама

    Лили, сама

    Џеклин Вилсон
    Самобендисаната мајка на Лили заминува на одмор во Шпанија со новото момче и ги остава сами Лили и нејзините сестри и братче. Одговорната Лили ја презема одговорноста да го храни и забавува семејството, а воедно и да ја скрие тајната од соседите, училиштето и социјалните служби. Прочитај повеќе...
    Цена: 340,00ден
    Нарачај

Категории 1 до 10 од 13 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2

Листа Мрежа

Поставете опаѓачки редослед.