Исповеди на еден Психотичен Ум

Исповеди на еден Психотичен Ум

  • Автор: Владимир Ристевски
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-421-2
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 164
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 199,00ден
199,00ден

Три приказни, три главни ликови, еден крај.

Исповеди на еден Психотичен Ум е роман-збирка кој во себе содржи различни раскази поврзани преку еден неконвенционален заеднички крај. Приказната вклучува ликови во кои се претставени трите различни лица на еден човек, предмет на анализа на една млада девојка која го листа дневникот на својот дедо обидувајќи се да открие кој навистина бил тој.

Исповеди на еден Психотичен Ум е слика на младите, урбани луѓе кои се во потрага по своето место во новото динамично општество во кое правилата и вредностите се во голема мера разнишани.

„Со емоционално мотивираните вулгаризми, Ристевски можеби по малку наликува на извонредниот Чарлс Буковски или, поточно, по начинот на пишување, Ристевски е некаде на средина помеѓу условно вулгарната непосредност на Буковски и живиот, разговорен јазик на раскажувачот Рејмон Карвер.“ Проф. д-р Драги Михајловски

Напишете ваш коментар