Девојката што требаше да умре

Девојката што требаше да умре

  • Автор: Давид Лагеркранц
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-6803
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 333
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 500,00ден
Цена со попуст: 400,00ден
Заштедувате: 100,00ден

Редовна цена: 500,00ден

Цена со попуст: 400,00ден

Последниот дел од серијалот Милениум нè води на едно неочекувано патување кое најпосле ќе ја одгатне судбината на бунтовната Лизбет Саландер. Девојката со тетоважа на змеј ненадејно го продала станот во Стокхолм и не одговара на електронската пошта. Никој не знае каде е, никој не претпоставува дека кочнечно одлучила да стане ловец, а не плен. Каква е нејзината поврзаност со непознатиот бездомник кој е пронајден мртов откако на јавно место закачил памфлет
против шведскиот министер за одбрана? И зошто во неговиот џеб е пронајдено ливче со телефонскиот број на Микаел Блумквист?
Девојката што требаше да умре открива политички скандали на највисоко ниво и меѓународни игри на моќ, со говор на омраза, лажни вести и една стара експедиција на Монт Еверест. Трагајќи по одговорите, во момент на необјасниво саможртвување, Блумквист ќе ѝ овозможи на Лизбет да се соочи со најважната битка во нејзиниот живот и конечно да расчисти со минатото.

„Неверојатен трилер со многу акција во кој се испреплетуваат заговор, шпионажа и мистерија со кои се обвиени неколкуте убиства – неверојатен спој што ќе ги збудали обожавателите на Саландер.“
Вол стрит џурнал

Напишете ваш коментар