Шангај бејби

Шангај бејби

  • Автор: Веј Хуј
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-176-1
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 307
  • Димензии: 125Х195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 199,00ден
199,00ден

Коко е келнерка во едно шангајско кафуле. Таму го среќава младичот Тјантјан кој необјасниво ја привлекува. Се вљубува во него и подоцна дознава дека е импотентен и наркоман. Таа ја напушта работата, оди да живее кај него и почнува да пишува роман. Подоцна,  со стек на околностите, го запознава Марк, оженет Германец што работи во Шангај. Нивната телесна привлечност прераснува во страст. Стануваат љубовници, но...

Судирот што ги раскинува главните јунаци на оваа трагична урбана кинеска приказна, судејќи според сѐ, е судир што го предизвикуваат противречностите на кинеското општество на крајот на дваесеттиот век.

По стилот блиска до својот идол Хенри Милер, Веј Хуј храбро крши безброј предрасуди и пред читателите изнесува автентично четиво чија содржина никого не може да го остави рамнодушен.

Коментари од корисниците:

Коментар од Благодушка Марулова:
Ја имам „Шангај Бејби“, книгата дома, се чита буквално во еден здив и е преубава. Мене ме воодушеви искрено, иако не очекував многу. Со оглед на тоа што кинеските романи се увек дну-дна. :) Пријатно сум изненадена. (Објавен на 04.2.16)

Напишете ваш коментар