Ангели и демони

Ангели и демони

  • Автор: Ден Браун
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300900
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 484
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 299,00ден

299,00ден

Кога светски познатиот харвардски симболог, Роберт Ленгдон, ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол - врежан на градите на убиениот физичар - тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите... најмоќна подземна организација од настанување на светот. Сè упатува на тоа дека неминовно се ближи часот на конечната и заветена пресметка на ова братство воскреснато од Светиот стол. Најлошите стравувања на Ленгдон се потврдени во повисоките конклави, кога гласникот на илуминатите објавува дека скриле незапирлива темпирана бомба во самото срце на Ватикан. Додека трае одбројувањето, Ленгдон одлетува во Рим со Виторија Ветра, прекрасна и мистериозна научничка, за да му помогне на Ватикан во очајничката борба за опстанок.

Впуштајќи се во френетична потера низ запечатени крипти, опасни катакомби, напуштени катедрали, па дури и во најтајниот трезор на свтот, Ленгдон и Ветра ја следат 400 години старата Патека на просветлувањето, создадена од древни симболи, која се извива преку Рим спрема одамна заборавеното дувло на илиуминатите... таинствена локација каде што можеби се крие шансата за спас на Ватикан.

Напишете ваш коментар