Амстердам

Амстердам

  • Автор: Јан Мекјуан
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300115
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 172
  • Димензии: 125x195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 199,00ден
199,00ден

Еден студен февруарски ден, голем број пријатели и исто толку љубовници се собираат да ѝ оддадат почит на Моли Лејн. И Клајв Линли и Вернон Халидеј некогаш ѝ биле љубовници на Моли пред да се изборат за своите сегашни угледни положби - првиот е еден од најуспешните британски современи композитори, а вториот е главен уредник на дневниот весник Џаџ. Но случајот на Моли ги тера и двајцата да размислат за сопствената смрт, и да си дадат необично ветување – ако некој од нив подлегне на неизлечива болест, другиот ќе мора да му пресуди. Во меѓувреме, компромитирачките фотографии на најистакнатиот љубовник на Моли, секретарот за надворешни работи Џулијан Гармони, завршуваат во рацете на новинарите и, додека кружат гласините, тој се тетерави по работ на понижувањето.

Овој роман, своевидна морална сага, претставува кулминација на прозното дело на Мекјуан. А зошто токму Амстердам? Расплетот што се случува во овој град претставува највозбудлив пресврт во оваа приказна преполна со изненадувања.

За романот Амстердам Јан Мекјуан ја доби Букеровата награда.

Напишете ваш коментар