JavaScript seems to be disabled in your browser. You must have JavaScript enabled in your browser to utilize the functionality of this website.
Добредојдовте!
Еден ден животните на фармерот Џонс креваат бунт и го прогонуваат земајќи ја судбината во сопствени раце. Превратот е раководен од свињите, самопрогласени за најумни меѓу своите собраќа. По спроведената животинска револуција следува чекор кон она што е својствено за сите револуции – кон тоталитаризмот. Идеалите се претвораат во демагогија, соперниците на власта сурово се отстрануваат, се измислуваат внатрешни непријатели за оправдување на насилството, се спроведува систематска дезинформација и манипулација на мислењето, се фалсификува историјата... Оваа промена на вредностите е блескаво изразена во паролата „Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите“.
Напишана во 1944 година, сатиричната антиутопија Животинска фарма била директно вперена против сталинистичкиот режим, но е еднакво важечка за секој систем во кој се поткопува личната слобода. Преведен на над 60 јазици и објавен во милионски тиражи, ова е роман кој никогаш не ја губи својата актуелност.
„Животинска фарма е мудра, емпатична, беспоштедна и просветлувачка басна за нашето време.“ Њујорк тајмс
Мисла на денот
Топ 5
Во какви книги најмногу уживате?