Коментари од корисниците:
- Коментар од Татјана Маженковска:
-
За сите љубители на добрите трилери, читањето на книгите од серијалот со Хари Хуле од Ју Несбе е вистинско уживање. Динамични, возбудливи, со неизвесен крај до последната страница. Несбе е типичен скандинавски автор на трилери: директен, прецизен, мрачен.
"Полиција" е сигурно роман кој треба да се прочита. Се чита во еден здив, а после него ќе посегнете и по вториот роман од серијалот, па по третиот..... Хари Хуле, паметен, циничен, харизматичен, и ако одлучил да се посвети на едукација на младите полициски кадри, и овој пат прифаќа да и помогне на полицијата во расчистувањето на убиствата.
После "Полиција", продолжете со "Призрак", "Леопард", "Снешко", "Пентаграм", "Лебарки" ..... (Објавен на 07.5.20)