Обломов

Обломов

Цена: 500,00ден
500,00ден

Благороден и наивен млад човек неспособен да донесе цврста одлука и да преземе некаква акција – тоа е нашиот јунак Обломов, симбол на „излишниот човек“ и олицетворение на апсурдното живеење. Полн е со идеи за сето она што треба да се направи – но мрзлив барем да ги запише, а уште повеќе да стане и да се зафати со нивно остварување. Бидејќи откажувањето бара најмалку вложување енергија, зошто човек да се труди да направи нешто кога многу поудобно и поспокојно е да се излежува на својот кауч?! Со нас или без нас, животот и онака си тече...

Се чини дека единствено љубовта може да го извлече од пасивноста. Младата и енергична Олга внесува свеж ветар во неговите гради и тој за прв пат почнува вистински да живее. Љуби и страда, но може ли да најде храброст да ја следи Олга во големите планови?

Обломов и денес функционира како своевидна културна икона. Токму заради освестувањето што ни го нуди – дека треба да се живее активно и во вистинската реалност – Обломов му е потребен секому од нас. Потребен ни е како потсетување дека животот се одвива сега и овде, и затоа ова е книга која барем еднаш мора да се (пре)прочита.

 

Напишете ваш коментар