Марч

Марч

  • Автор: Џералдин Брукс
  • Издавачка куќа: АРС ЛАМИНА
  • ИСБН: 978-608-229-664-7
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 304
  • Димензии: 145/205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 420,00ден
420,00ден

Добитник на Пулицерова награда за фикција

„Марч” претставува историски роман чие дејство е сместено во раните денови на Американската граѓанска војна. Главниот лик Роберт Марч е, всушност, отсустниот татко од романот на Луиза Меј Алкот - „Мали женички”. Тој го напушта Масачусетс и патува низ Вирџинија за да ги подучува пребеганите робови на плантажата на Етан Канинг. На почетокот од секое поглавје, Марч пишува писма до својата жена Марми и се труди секој збор да биде искрен и вистински, но истовремено сака и да ја поштеди својата сакана од болката и од страдањето на животот на Југот. 

Романот личи на воен дневник, прикажувајќи како војната ја менува личноста. Емоциите изразени во книгата се универзални, но тие се толку длабоко сместени во умот и во срцето на Марч, така што читателот развива емпатија кон него. „Марч” е прекрасна приказна, која ќе ве натера поинаку да гледате на историјата.

"Трогателна приказна што трае долго по затворањето на задната корица" - Карен Џој Фолер "Вашингтон Пост"

„Исполнет со брачна љубовна болка, во време на моќна војна меѓу умот и срцето не еден неверојатен човек“ - Сју Монк Кид, автор на "Тајниот живот на пчелите"

 „Сликата што ја создава Брукс на Југот кој е опустошен и разорен од војната, особено на ослободените плантажи е навистина неверојатна. На богат јазик таа ни опишува едно време и место каде ликот (господин Марч) се обидува да живее според она што тој го зацртал за себе, ова го прави романот "Марч" неверојатно книжевно дело“ - Денвер Пост

 „Прекрасно напишана приказна за тоа како војната ги уништува идеалите, ja растројува моралната безбедност и буквално ги врежува горчливите искуства и неописливите спомени меѓу двајца сопружници“ - Лос Анџелес Тајмс


„Инспиративно...Застрашувача, живописна и длабоко стимулативна приказна која е обременета со голема вештина, внимание и имагинација што е вообичаена само кај поетите“ - Кливлен Плеин Дилер

 "Луиса Меј Алкот би била презадоволна од ова дело“ - Економист

 Џералдин Брукс е американска писателка со австралиско потекло и е автор на повеќе бестселери. Почетоците на нејзината писателска кариера се во Сиднеј, каде што најпрвин работела како новинар, а потоа продолжила како дописник за „Волстрит џурнал“ од Босна, Сомалија и од Средниот Исток. Сега живее во Масачусетс. Брукс е добитник на многубројни награди, меѓу кои и „Пулицерова награда“ за фикција во 2006 година, токму за романот „Марч“.

 

Напишете ваш коментар