Испратете ги мртвите

Испратете ги мртвите

  • Автор: Хилари Мантел
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-543-1
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 520
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 500,00ден

500,00ден

Испратете ги мртвите ја истражува една од најтаинствените и најстрашни епизоди во историјата на Англија: падот на Ен Болен, втората сопруга на Хенри VIII. Иако со години горел од желба да се ожени за неа, Хенри VIII сега е разочаран. Таа не го исполнила ветувањето дека ќе му роди син, а нејзината смелост и интелигенција влијаеле да се оддалечи од старите пријатели и од благородничките семејства на Англија. Кралот му наредува на својот главен советник Томас Кромвел да се ослободи од неа. Кромвел мора да најде решение кое ќе го задоволи Хенри, ќе ја заштити нацијата и ќе му ја обезбеди кариерата. Во текот на три недели, Ен е фатена во мрежата на заговори додека невината Џејн Сејмур го чека својот ред за отровниот свадбен прстен. Но Ен и нејзиното моќно семејство нема да се предадат без свирепа борба. За да ги победи, Кромвел мора да влезе во сојуз со своите непријатели, папистичката (римокатоличката) аристократија.

Извонредно книжевно достигнување што го следи драматичното судење на кралицата и на нејзините тужители за прељуба и предавство. Мешајќи ги историските факти и фикцијата, Хилари Мантел успешно го долувува духот на Англија од XVI век, посебно кралското семејство, но и важни личности кои оставиле длабока трага во историјата на таа земја, како што е Томас Кромвел, главниот советник на Хенри VIII.

Напишете ваш коментар