JavaScript seems to be disabled in your browser. You must have JavaScript enabled in your browser to utilize the functionality of this website.
Добредојдовте!
Во воздушниот простор меѓу полињата со пченка во Илиноис и сината бесконечност, еден маж одлучува да му верува на пропелерот на својот двокрилец. За разочараниот писател и пилот Ричард Бах вербата е вистинска колку и полниот резервоар и искрите кои ги испуштаат цилиндрите... сè додека не го запознае Доналд Шимода – поранешен механичар и таканаречен месија, кој умее да ги натера клучевите да летаат и кој ја распламтува Ричардовата имагинација...
Во Илузии Ричард Бах лета со својот двокрилец обидувајќи се да ги одгатне безвременските вистини што им даваат крилја на нашите души: дека на луѓето не им се потребни авиони за да летаат; дека и зад најцрните облаци блеска светлина штом ќе успееме да се издигнеме над нив; дека луѓето може да ги најдат месиите на најнеочекувани места – на пример, во полињата со сено, во малите гратчиња и, пред сè, во самите себе.
Дали е лесно да се биде месија во современиот свет? Дали во секого од нас не се крие неразбуден духовен учител? Дали веќе го имаме сето знаење што ни е потребно, и на кое треба само да се потсетиме? Ричард Бах поттикнува милиони читатели да се замислат над овие прашања.
Мисла на денот
Топ 5
Во какви книги најмногу уживате?