JavaScript seems to be disabled in your browser. You must have JavaScript enabled in your browser to utilize the functionality of this website.
Добредојдовте!
Маџунков, Митко (Струмица, 19 III 1943), раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист. Гимназија има завршено во Струмица, а Филолошки факултет (светска книжевност со теорија на книжевноста) во Белград. Работниот век го поминал главно во Библиотеката на градот Белград.
Некои книги му се објавени првобитно нa српски јазик. Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија: Исидора Секулиќ, Рациново признание, Војдан Чернодрински, Роман на годината на Детска радост, Книга на годината на Македонската книжевна фондација, Роман на годината на Утрински весник; добитник е на Државната награда 11 Октомври, на Наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, а двапати ја има добиено и годишната награда на град Струмица.
Се занимавал со преведување, а и самиот е преведуван на повеќе јазици. Застапен е во домашни и странски антологии. Во 2006 година се врати од Белград да живее во Македонија. Член е на МАНУ.
Мисла на денот
Топ 5
Во какви книги најмногу уживате?