Некогаш сигурно сум одела по мека трева

Некогаш сигурно сум одела по мека трева

  • Автор: Каролина Шути
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-456-9800
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 139
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 250,00ден
250,00ден

Некогаш сигурно сум одела по мека трева од Каролина Шути е приказна за Маја. По смртта на нејзината мајка, таа е пратена да живее во странство со татко си. Но тој ја остава кај нејзината строга тетка, која само ја храни и ѝ обезбедува место за спиење. Фрлена во безимено село и растејќи во сиромашни услови, во еден тажен свет во кој нема место за радост и љубов, Маја се чувствува двојно лишена по преселувањето: тагува за мајка си и за мајчиниот јазик. Секој нејзин обид  да се сети на своето минато е безуспешен. Тогаш го запознава Марек, осамен човек кој зборува на странски и мистериозен јазик и кој исто така го изгубил својот културен идентитет. Тој е единствениот кој може да направи Маја да се почувствува прифатена и ѝ станува не само пријател туку и татковска фигура...

Со јасен и поетичен, неполитички стил, Шути зборува за судбината на раселените луѓе. Потрагата по идентитет, како што сугерира и самиот наслов  на романот, го одредува животот на раскажувачот во останатиот дел од приказната. Иако романот зборува за минатото на Маја преку посветеноста на нејзините баби и белоруското потекло, неговата основна тема содржи современа и универзална димензија која може да се примени во безброј региони во светот.

Наградата за литература на Европската Унија во 2105 година е секако оправдана од оваа прекрасна книга, полна со ликови кои се чини дека живеат и надвор од нејзините страници.

 

Напишете ваш коментар