-
Дивите детективи
Роберто Болањо„Дивите детективи“ е раскошен, еротичен, амбициозен и крајно инвентивен роман од еден од најголемите латиноамерикански автори на нашето време. Прочитај повеќе...Цена: 650,00денРаспродадена
-
Тунел
Ернесто СабатоРоманот Тунел е еден од најкарактеристичните романи од хиспано културата на ХХ век. Преку 39 кратки поглавја, Сабато ни ја раскажува љубовната приказна меѓу Марија и Хуан Пабло и злосторството поттикнато од една огромна страст, од човечката немоќ за комуникација
Прочитај повеќе...Цена: 199,00денНарачај -
Еретички писма
Стефан МарковскиЕретички писма од Стефан Марковски е софистициран роман што целосно ги исполнува критериумите на нашата современост, имено барањата на современата читачка публика жедна за дела во кои ќе одгатне дел од тајните во себеси, од меѓупросторот меѓу духот и телото, меѓу нежноста и грубоста, и од меѓувремето меѓу стварноста и фикцијата, меѓу желбата и остварбата. Прочитај повеќе...Цена: 250,00денНарачај -
Хипи
Пауло КоелјоЦрпејќи од своето богато животно искуство, во овој роман Пауло Коелјо пишува за сонот за преобразба и пацифизам на хипи генерацијата од почетокот на седумдесеттите години на минатиот век. Прочитај повеќе...Цена: 400,00денНарачај -
Небесни тела
Еленор КатонРоманот Небесни тела е мистериозен трилер напишан во викторијански стил, со фасцинантна криминална приказна во кој се оживува светот од средината на деветнаесеттиот век. Прочитај повеќе...Цена: 790,00денНарачај -
Девојката што пишуваше на свила
Кели ЕстизИнспириран од вистински настани, брилијантниот историски роман на Кели Естиз е потресна приказна за две жени поврзани со времето и судбината. Жени со силен дух и достоинство, цврсто решени да постапат правилно, независно од цената што треба да ја платат. Прочитај повеќе...Цена: 450,00денРаспродадена
-
Вештица
Венко АндоновскиЕдна девојка од Македонија, во седумнаесеттиот век заминува, по игра на судбината, во Хрватска. Во Хрватска е во ек голем прогон на вештици – жени кои склучиле сексуален пакт со ѓаволот. Во исто време, од Италија, падре Бенџамин, личен пријател на Џордано Бруно, доаѓа во Хрватска да учествува во инквизицискиот прогон и судењето на вештиците. Прочитај повеќе...Цена: 380,00денРаспродадена
-
Посета на бандата
Џенифер ИганПосета на бандата е книга за воздејството на времето и музиката, книга за опстанокот, за превирањата и преобразбите поттикнати и од најблагите пресеци на нашите судбини. Користејќи зачудувачки венец од стилови и тонови, што се протегаат од трагедија до сатира, па дури и до „Пауер поинт“, Иган успева да ги долови спротивното длабоко струење на самоуништувањето, кое сите ние мораме или да го совладаме или да му се предадеме; вродениот глад на човек за искупување; како и сеопштиот нагон да се посегне по двете – и да се избега од безмилосниот тек на времето, во безвремените царства на уметноста и музиката. Прочитај повеќе...Цена: 380,00денНарачај -
Архипелагот Гулаг (том 2)
Александар СолженицинАрхипелагот Гулаг не е митско место, не е измислена земја. Тој е систем од затвори, логори, кампови и работнички колонии во кои милиони луѓе ги загубија своите животи. Измислен е само терминот, зашто беше одраз на еден нов феномен – прогонство и уништување на сите кои со збор или постапка се пројавувале против постојниот модел на владеење. Прочитај повеќе...Цена: 600,00денНарачај -
Добра земја
Перл БакДејството на Добра земја, најуспешниот роман на Перл Бак, се случува во рурална, во најголем дел предреволуцио- нерна Кина, и сите нејзини ликови се Кинези. Дотогаш британските и американските читатели гледале на Кинезите како на комични ликови или застрашувачки суштества од опиумските дувла; од нив никогаш не било побарано да се заинтересираат за неволите и страдањата на кинеските селани. Прочитај повеќе...Цена: 380,00денРаспродадена