Категории 41 до 50 од 140 вкупно

Page:
  1. 3
  2. 4
  3. 5
  4. 6
  5. 7

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.
  1. Укинат театар

    Укинат театар

    Булат Окуџава
    Апсолутниот поетски слух на Булат Окуџава го открива и го воспева зачудувачкиот свет на арбатските дворови, остану­вајќи притоа доследен на вистинските етички принципи. Интегрирајќи ги во една целина прозата и поезијата, творецот и творештвото, личноста и зборот, Укинат театар нема да ос­тави рамнодушен ниту еден читател. Прочитај повеќе...
    Цена: 280,00ден
    Нарачај
  2. Папокот на светот

    Папокот на светот

    Венко Андоновски
    Романот се состои од вовед, наводно напишан од братот на извесен В., на кој се надоврзуваат книгата „Папокот на светот“ (манускриптот на романот), книгата „Исход“ и книгата „Светлина“ (Записите од дневникот), по кои следува поговор од книжевниот теоретичар Венко Андоновски. Прочитај повеќе...
    Цена: 340,00ден
    Нарачај
  3. Трите ќерки на Ева

    Трите ќерки на Ева

    Елиф Шафак
    На пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита, на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати, но и да си го спаси животот, на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ реликвија од минатото, но и непребол што очајно се обидува да го заборави. Прочитај повеќе...
    Цена: 500,00ден
    Нарачај
  4. Генералот и неговата армија

    Генералот и неговата армија

    Георгиј Владимов
    Романот Генералот и неговата армија на познатиот руски писател, публицист, активист за човекови права Георгиј Владимов е длабока студија не само за големата патриотска војна, туку и за цената што била неопходна да се плати за татковината. Една од најважните теми што писателот ги истакнува се моралниот интегритет на личноста и неговото достоинство во најтешките времиња за земјата. Прочитај повеќе...
    Цена: 400,00ден
    Нарачај
  5. Неразделните

    Неразделните

    Алесандро Пиперино
    Неразделните е приказна за едно семејство што мора да се избори со потребата за вистината наспроти неискажливите тајни, со омразата и сожалувањето спрема оние што ги сакаме, со болката и покајанието, со предавството и осаменоста, сè до завршната пресметка. Блескава книга, иронична и трогателна, проткаена со радоста на пишувањето. Прочитај повеќе...
    Цена: 400,00ден
    Нарачај
  6. Станица единаесет

    Станица единаесет

    Емили Сент Џон Мандел
    Романот Станица единаесет е исклучително моќен и потресен спој на семејна драма и апокалиптична научна фантастика. Напишан со спокоен, интимен тон, романот прикажува сценарио за крајот на светот кое можеби е во доменот на фантастичното, но секако не е невозможно. Прочитај повеќе...
    Цена: 400,00ден
    Нарачај
  7. Манастир Фуентерабија

    Манастир Фуентерабија

    Јагода Михајловска-Георгиева
    Ексцентрична приказна, страсно и возбудливо раскажана од авторката на „Каменот од Твојот ден“ (Рациново признание) и „Индиго Бомбај“ ( Роман на годината на Утрински весник). Прочитај повеќе...
    Цена: 300,00ден
    Нарачај
  8. Граница

    Граница

    Луан Старова
    Оваа ведра книга, во исто време, во својата интимна текстура, сведочи и за балканскиот трагизам. Авторот не ни зборува само како албански бегалец, емигрант, екс Југословен, македонски државјанин, туку сведочи и како балкански човек, живеејќи и носејќи ги во себе судбините на толку многу поврзани, мешани, делени, противставувани култури... Прочитај повеќе...
    Цена: 300,00ден
    Нарачај
  9. Црна и сребрена

    Црна и сребрена

    Паоло Џордано

    Црна и сребрена е меланхолична љубовна приказна, раскажана со префинет и интимен јазик и – за првпат во творештвото на авторот – во прво лице. Џордано се сосредоточува на надворешните подробности, меѓутоа ги користи за да ги долови со нив внатрешните светови на своите ликови, нивните заемни односи или стравови.

    Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  10. Црвено око

    Црвено око

    Јонас Хасен Кемири
    Петнаесетгодишниот Халим, дете на марокански родители родено во Стокхолм, секојдневно води дневник кој претставува жива слика на неговата конфузија пред светот во потрага по сопственото место во него. И како да не му е доволно прекршувањето меѓу шведскиот и арапскиот менталитет, го погодуваат и пубертетски маки, проблеми во училиштето и вљубувањето Прочитај повеќе...
    Цена: 320,00ден
    Нарачај

Категории 41 до 50 од 140 вкупно

Page:
  1. 3
  2. 4
  3. 5
  4. 6
  5. 7

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.