Трагично и патетично

Трагично и патетично

  • Автор: Непознато
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300238
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 236
  • Димензии: 125x195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 380,00ден

380,00ден
Во оваа книга се собрани кратките драми на Вуди Ален, пишувани помеѓу 1970 и 2003 година. Во нив, необичните ликови запаѓаат во најчудни и бизарни ситуации, какви што само Вуди Ален би можел да замисли. Според зборовите на самиот автор, неговите драми се еден вид креативен премин помеѓу неговите раскази и филмови и ја отсликуваат неговата постојана преокупација со луѓе кои се обидуваат да се однесуваат колку што можат порационално во крајно ирационални ситуации. Дополнети со извонредниот дијалог и зајадливата пародија, овие едночинки вешто балансираат помеѓу трагичното и патетичното што, се разбира, неизбежно резултира со комично. Софистицирани, сатирични и интересни до последната реплика, кратките драми на Ален успешно се изведуваат во театрите ширум светот. Нивната извонредна сликовитост ги прави одлични за читање, поставувајќи сцена во имагинацијата на читателот и препуштајќи му ја улогата на режисер, актер и гледач истовремено.

Напишете ваш коментар