Тивката жена

Тивката жена

  • Автор: A. С. А. Харисон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-370-3
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 239
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 450,00ден
450,00ден

Тој е непоправлив прељубник. Таа живее во заблуда. Тој води двоен живот. Таа сака да ги израмнува сметките. Тој решава да расчисти еднаш засекогаш. Таа веќе нема што да изгуби...Бракот на Џоди и Тод се соочува со криза. Многу нешта се ставени на коцка, вклучувајќи ги пријатниот живот што го водат и луксузниот дом во Чикаго со поглед кон океанот. Таа – убиецот, и тој – жртвата, неминовно се движат кон судбоносниот чин. Раскажан низ две психолошки перспективи, Тивката жена е приказна за една љубов во виорот на распаѓањето, за една двојка влетана кон пропаст, за жена што е подготвена на сè за да го задржи она што ѝ припаѓа; приказна за тајните што демнат закопани во несвесното и што можат да имаат кобни последици врз сегашноста.Мајсторски напишан од перото на А. С. А. Харисон, романот Тивката жена го намамува читателот од првата страница и не го пушта сè до последната.

 „Изненадувањата се нижат на секоја страница... Иако Харисон пишува со вешта и лесна рака, нејзината проза е потресна.“ Гардијан

 „Oстар и брз, како касапски нож.“ Њуздеј

 

 

Напишете ваш коментар