Свет од стакло

Свет од стакло

  • Автор: Катерина Славковска
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300214
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 94
  • Димензии: 112Х180
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 200,00ден

200,00ден
Свет од стакло е оригинално и мошне вдахновено четиво составено од четиринаесет раскази, во кои главниот лик е Саломи, девојче многу поразлично од своите врсници. Таа е кревка, но има големо срце што не го собира никаде и душа што се распарчува на секој остар и грд збор што ќе го чуе. Таа е совршена во несовршениот свет, и сонува за свет во кој ќе нема грдотии и болки, копнее за свет во кој ќе царуваат мирот и спокојот, радоста и убавината. Расказите се надоврзуваат и проникнуваат еден во друг, го следат растењето и созревањето на Саломи. Катерина Славковска, преку ликот на Саломи, со длабок емотивен набој нè повикува на добрина. Нè потсетува на суштината на нашето постоење. На љубовта.

Напишете ваш коментар