Сто и една како една

Сто и една како една

  • Автор: Цане Ризески
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4569-61-9
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 123
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 150,00ден
150,00ден

Во оваа книга читателот може да ги почувствува сите допири на животната опсервација и на многу места и самиот да се пронајде во прекрасните стихови кои бегаат од белото платно на заборавот и секогаш се во потрага по шепотот на вековите.

Поетската приказна на Цане Ризески е целосен круг на полнота и јазично богатство. Поетот пее за животот, но и за митскиот јазик на каменот, кој некогаш беше леб. Расправа со љубовта и со смртта, тој вечен конфликт на еросот и танатосот. Ризески е поет кој пее препознатливо, далеку од дневнополитичките актуелности, но и автор кој до перфекционизам внимава на она што ќе го напише. Неговите поетски светови се широки колку и неговата размисла. За него песната може да се случи тука, секаде, околу него, во сеќавањата, во прераскажувањата, но и во искуството, поетско пред сè, за да се извлече есенцијата од напишаното. Особено кога се среќаваме со маркирани лирски пориви за создавање песна, кои всушност се лирски пасажи, премини кон некои големи светски автори. Така, во оваа книга имаме поетска комуникација со Витман, Станеску, Џојс, Езра Паунд, Кочо Рацин... Ризески како размисла и повод го зема нивното, веќе еднаш доживеано проклетство, но и пораката која доаѓа од тоа поистоветување.

Напишете ваш коментар