Стив Џобс

Стив Џобс

  • Автор: Волтер Ајзаксон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300634
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 625
  • Димензии: 240x155
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 650,00ден

650,00ден

Ексклузивна биографија на Стив Џобс, напишана со негова целосна соработка.

Врз основа на повеќе од четириесет интервјуа со Стив Џобс направени во тек на цели две години – како и врз основа на интервјуа со над сто негови роднини, пријатели, непријатели, ривали и колеги – оваа книга е хроника на неговиот возбудлив живот и див карактер, приказна за креативниот претприемач кој се стремеше кон совршенство и му се предаваше на својот немирен, интуитивен порив, житие за човекот кој успеа да изврши револуција во шест различни индустрии: персоналните компјутери, анимираните филмови, музиката, мобилните телефони, таблет- компјутерите и дигиталното издаваштво. Во време кога општествата од целиот свет се обидуваат да изградат економија што ќе биде во тек со дигиталната ера, Џобс е иконата за креативност и применета имагинација.
Знаеше како да создаде вредност во дваесет и првиот век: ја поврза имагинацијата со технологијата, создаде компанија во која креативноста беше на исто ниво со високата технологија. Џобс е искрен, можеби и претерано искрен, за луѓето со кои работеше, соработуваше и се натпреваруваше на пазарот. Исто така, неговите пријатели, непријатели и колеги нудат искрени прикази за она што го сакаше и го мразеше, за неговите демони, за перфекционизмот, за желбите, мајсторството, ѓаволштините и опседнатоста со контрола, сето она што ги обликуваше неговиот пристап кон работата и иновативните производи што резултираа од вложениот труд. Знаеше да ги разбесни и да ги фрли во очај блиските. Но неговиот карактер и производите што ги создаваше беа тесно поврзани, исто како што се поврзани хардверот и софтверот на производите на „Епл“. Неверојатната приказна за животот и делото на Стив Џобс е токму оваа мајсторски напишана биографија, исполнета со лекции за иновација, карактер, вредности и раководство.

Волтер Ајзаксон, генерален директор на институтот Аспен, претседател на одборот на „Си-ен-ен“ и главен уредник на „Тајм“. Автор е на „Ајнштајн: неговиот живот и Универзумот“, „Бенџамин Френклин: американски живот“ и „Кисинџер: биографија“. Исто така, ко-автор е и на „Мудрите луѓе: шест пријатели и светот што го создадоа“, заедно со Еван Томас. Живее во Вашингтон, заедно со сопругата.

Напишете ваш коментар