Старомодниот водич за љубов и романса

Старомодниот водич за љубов и романса

  • Автор: Кристи Гринвуд
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-53-1
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 365
  • Димензии: 130/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 390,00ден
390,00ден
Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено. 
 
Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми. 
 
Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда. 
 
Вистинскиот тест на оваа трансформација е освојувањето на срцето на озлогласениот женкар Лео Фрост, со што Џес би докажала дека книгите водичи на Матилда сè уште вредат и дека со нивна помош, секоја жена може да пронајде совршен маж. 
Проектот ќе бара голема посветеност, челични нерви и еден страшно шпицест старовремски градник...

Напишете ваш коментар