Станица единаесет

Станица единаесет

  • Автор: Емили Сент Џон Мандел
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4569-58-9
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 327
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 400,00ден
Цена со попуст: 280,00ден
Заштедувате: 120,00ден

Редовна цена: 400,00ден

Цена со попуст: 280,00ден

Романот Станица единаесет е исклучително моќен и потресен спој на семејна драма и апокалиптична научна фантастика. Напишан со спокоен, интимен тон, романот прикажува сценарио за крајот на светот кое можеби е во доменот на фантастичното, но секако не е невозможно.

 По појавата на грузиски грип, над 99 проценти од светското население умира. Преживеаните ќе се соочат со еден сосем поинаков свет, на кој одново ќе мора да се адаптираат за да преживеат. Среде хаосот на апокалипсата, една група уметници решаваат дека не е доволно само да се преживее, па ја формираат „Патувачката симфонија“ – трупа на актери и музичари кои патуваат низ опустошениот нов свет и изведуваат класични концерти и драми...

Преплетувајќи повеќе ликови и приказни во своевиден метафизички трилер, Станица единаесет изгледа како сложена и грандиозна симфонија, во која читателот ќе биде оставен без здив.

 „Вознемирувачки роман за сериозни теми, кој истовремено е преполн со нежност и лиричност. Елегантноста на стилот на Емили Мандел е доведена до перфекција, а нејзините описи се толку живи и силни што ќе ве следат уште долго откако ќе го прочитате романот.“ New York Times

 

 „Тешко е да се замисли роман кој би бил посоодветен за денешната политичка, еколошка и општествена ситуација. Дистописка научна фантастика во своето најдобро издание.“ The New Yorker

 

„Изненадувачка и прекрасна приказна за топлината и сложеноста на меѓучовечките односи среде свет кој неповратно се распаѓа.“ The Washington Post 

 

Напишете ваш коментар